Сабедин Ејупи

Портрети & Карикатури
  1. За

    Добредојдовте

    Добредојтовте на сајтот на Сабедин Ејупи - Саигон. Уживајте во изборот на портрети и карикатури од неговиот богат ликовен опус.

    Каталог

    Од левата страна погледнете ја полната содржина од каталогот издаден по повод првата самостојна изложба на карикатури на Саигон. Истата се одржа во К.Ц Точка во 2008 година.

    Прелистувајќи ги содржините на каталогот несомнено ќе препознаете бројни лица од нашиот јавен, естраден и политички живот.

  2. Биографија

    Сабедин Ејупи - Саигон

      Роден е на 29 јули 1956 година во скопска Патишка Река. Уште во периодот на основното и средното образование, се истакнувал со музичкиот, но особено со ликовниот талент. Веќе оттогаш ја открива пасијата кон изработка на портрети и карикатури.

      Својата речиси триесетгодишна меѓународна кариера како карикатурист и портретист ја започнува работејќи во 1984 година во Корчула, Хрватска. Веќе следната година, заминува во Порторож, Словенија. Од 1987 до 1990 година активно работи во Пореч, Хрватска, посветувајќи се на изработката на портрети. Во 1991 година работата го носи на островот Скиатос во Грција и во Бодрум, Турција, а подоцна, истата година, заминува во Копенхаген, Данска. Во 1992 година работи на грчките острови Парос, Кос, како и во Турција, во Чешме, Анталија и Аланија. Следната година продолжува со работа во Северен Кипар. Во 1994 година накусо се враќа во Пореч, Хрватска, а од следната 1995 па се до 2007 година, активно работи во туристичкото гратче Ричоне, Италија. Во 2008 и 2009 година работи во Охрид, Македонија, а следните две лета ги поминува работејќи во Саранда, Албанија.

      Во ноември 2008 година, како признание за неговата долгогодишна работа, со поддршка од Министерството за култура на Р.М. и Здружението на ликовни уметници на Р.М. „Арт Визион“ се организираше неговата првата самостојна изложба на карикатури во К.Ц Точка.

      Во август 2011 година, во Саранда, по иницијатива на градоначалникот на општината, Стефан Чипа, организира заедничка изложба со уметниците Сами Аметај и Ѓерѓи Рода. На изложбата со наслов „Доживувања во Саранда“, беа изложени пејзажи од градот, но и потрети и карикатури од значајни личности кои потекнуваат или се значајни за развојот на оваа општина.

      Атрактивните карикатури на Саигон, веќе неколку години по ред, читателите може да ги видат и во дневниот весник “Дневник“ .

      Во 2006 година го отвора своето мини - атеље во Т.Ц.Рамстор, Скопје, кое работи и денес. Таму често може да се сретне Саигон, живеејќи ја својата пасија.
  3. Карикатури

    Црно-бели

    Во боја

  4. Портрети

    Црно-бели

    Во боја

  5. Контакт

    Контакт

    Саката да станете дел од прекрасните дела на Сабедин Ејупи?
    Сакате да подарите нешто интересно, оригинално и вонвременско?
    Не двоумете се да го контактирате Сабедин Ејупи на еден од следниве начини...

    Име

    Е-пошта *

    Порака *

    Do not fill out this field


    telephone +389 75 797841
    email pittoresaigon@yahoo.com